Дома Фудбал Англија Гвардиола со силни комплименти за Тотенхем: Јас учам од нив!

Гвардиола со силни комплименти за Тотенхем: Јас учам од нив!

Менаџерот на англискиот шампион, Пеп Гвардиола не ја криеше својата импресионираност од играта на Тотенхем.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Манчестер Сити во понеделник ќе му гостува на Тотенхем, а Гвардиола знае дека го очекува многу тежок меч.

„Спарси немаат многу пари за трошење на трансфер пазарот бидејќи градат нов стадион. Тотенхем беше првиот противник од кого загубив во Англија“, истакна Гвардиола.

„Тие се многу сериозен противник, јас лично учам додека ја гледма нивната игра. Тоа е тим кој едноставно има се и сигурно ќе ни биде многу тешко. Минатата сезона имавме добри резултати против нив, јас лично уживам кога играме против Тотенхем“, заклучи каталонскиот стратег.

Во моментов Манчестер Сити е лидер на табелата, Тотенхем е на четвртото место, но има само два бода помалку од „граѓаните“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

От Интер подготвуваат понуда за англиски репрезентативец кој треба да го замени Дамфрис

Управата на Интер подготвува понуда за англискиот репрезентативен бранител Џед Спенс, изве…