Спортскиот директор на минхенски Баерн, Хасан Салихамиџиќ полека го припрема теренот за донесување на засилувања во јануарскиот преоден рок.
Еден од фудбалерите кои се на радарот на Хасан е српскиот фудбалер Никола Миленковиќ, кој моментално е член на Фиорентина и кој би требало да ги реши дефанзивните проблеми на минхенскиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што тврди Тутомеркато, Баерн се распрашува за услугите на 21. годишниот стопер кој игра во одлична форма, а одговорот кој го добиле од Фиренца е 50 милиони евра.
Тоа е почетната понуда за Миленковиќ. Оној кој сака да го има мора да ја подобри понудата бидејќи конкуренцијата е огромна.
Покрај Баерн, за Миленковиќ интерес покажува Манчестер Јунајтед и Јувентус, а токму тој беше причината поради која Мурињо ја гледаше репрезентацијата на Србија.