Дома Фудбал Останато ФИФА добива ново натпреварување, спремни се 25 милијарди евра!

ФИФА добива ново натпреварување, спремни се 25 милијарди евра!

ФИФА е спремна за иновации, а тоа треба да биде соопштено на денешниот состанок на светската фудбалска организација.

Помеѓу точките на дневниот ред се и мини Светско првенство како и проширување на „вистинското“. Инфантино во мај испрати предлог до членовите на ФИФА за кој тврди дека е поддржан од сериозна групација на инвеститори кои се спремни да потрошат 25 милијарди долари во текот на 12 годишниот циклус почнувајќи од 2021 година.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во писмото испратено од Инфантино се наведува дека станува зор за јапонскиот „СофтБанк Груп“. Меѓутоа на ваквите планови се спротиставија клубовите и првенствата во Европа, а претседателот на УЕФА Александар Чеферин изјави дека плановите се немилосрдни кон клубовите. Тој ја обвини ФИФА дека се продажбата ја загушува играта.

Предлозите на Инфантино би донеле големи промени во меѓународниот календар.

Мини Светското првенство би бил турнир од осум репрезентации кој би се одржувал на секои две години. Турнирот би бил познат како „Фајнал 8“ како еден вид продолжување на Лигата на Нации.

Предлогот е турнирот да се одржува секој октомври и ноември во секоја непарна година почнувајќи од 2021 година. Жртва би бил Купот на Конфедерациите кој се игра на секои четири години, во годината пред Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реакцијата на Новак за голот на Реал за победа. Шпанците го опишуваат како видео на годината

РЕАЛ МАДРИД остана во трката за титулата во шпанското првенство откако со голот на Федe Ва…