Дома Фудбал Преговорите започнати: Абрамович го продава Челзи на негов пријател?

Преговорите започнати: Абрамович го продава Челзи на негов пријател?

Роман Абрамович се уште не донел конечна одлука за продажба на Челзи, но до тоа е многу блиску.

Како што наведуваат англиските медиуми, рускиот тајкун одлучил дел од акциите на клубот да продаде на неговиот пријател, чешкиот милијардер Петр Келнер.

Станува збор за 54 годишник кој го основаше ППФ инвестициониот фонд кој заработи богатство и се проценува на околу 12 милијарди фунти.

Преговорите за превземање на клубот веќе започнале. Келнер ќе добие одреден број акции, но многу лесно би можело на крајот да дојде и до целосна продажба на клубот.

Приказните за продажба на Челзи се се погласи и изгледа дека на крајот тоа и ќе се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фариоли го чека Алегри: Подготвени сме за сè, но тој може да нè изненади

Тренерот на Порто со голем респект кон Алегри пред дуелот со Наполи, во кој португалскиот …