Дома Фудбал Останато УЕФА пронајде начин да го казни Милан: Во Европа ќе играат за „џабе“?

УЕФА пронајде начин да го казни Милан: Во Европа ќе играат за „џабе“?

Европската фудбалска унија (УЕФА) би можела да ја одобри спогодбата на Милан поврзана за ФФП, но услов е да им биде одземена заработката од играњето во Лигата на Европа.

„Росонерите“ на почетокот на летото беа суспендирани и исфрлени од Лигата на Европа поради неисполнување на критериумите на финансискиот фер-плеј, но промената на сопствеништвото и жалбата до арбитражниот суд за спорт ги вратија во ова натпреварување.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Меѓутоа УЕФА го „замрзна“ наградниот фонд за натпреварувањето од Лигата на Европа, чекајќи ново сослушување за спогодбата.

Според пишувашењето на „Република“,владеачкото тело на УЕФА ќе одобри спогодба, но условот е Милан да не го добие наградниот фонд во Лигата на Европа.

Така УЕФА би ја наплатила паричната казна за ФФП, а засега не е познато какво мислење има раководството на Милан за ваквото можно сценариот.

Во случај овие најави да станат реалност, а Милан ја освои Лигата на Европа би останал без десетина милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер го потврди засилувањето од 23 милиони евра

Денеска, милански Интер соопшти дека младата француска надеж, Анж-Јоан Бони е најновиот иг…