Дома Фудбал Лига на шампиони Бизарен проблем на „Енфилд“ – нема струја!

Бизарен проблем на „Енфилд“ – нема струја!

На „Енфилд“ спортските работници и медиумите се соочија со неочекуван проблем пред натпреварот помеѓу Ливерпул и Звезда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Веројатно никој не очекува клуб како Ливерпул кој секој викенд игра во Премиер лигата да се соочи со бизарен проблем – немање на струја!
Почетокот на натпреварот е закажан за 21:00 часот и тој не е доведено во прашање, но проблем е за медиумите и останатите во просториите на „Енфилд“.

Имено, како што стои во објаснувањето од Ливерпул, домаќините се соочуваат со бројни технички проблеми откако „Енфилф“ е реновиран, односно откако се направи проширување, па често пати се случуваат проблеми со струјата.

Рефлекторите работат, но не функционира официјалната продавница и штекерите, се доведува во прашање и можноста за туширање на играчите бидејќи пумпите за вода користат струја за придвижување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Бајката продолжува: Зелено’ртски Острови напишаа нови историски страници на Светското првенство

Репрезентациите на Уругвај и Зелено’ртски Острови одиграа нерешено 2:2 во натпреваро…