Не мора секогаш да гледаме несакани сцени кога во прашање се најжестоките навивачи на два клуба.
Францускиот медиум „Ле Парисиен“ објави видео од случувањата пред „Паркот на принцовите“ пред натпреварот помеѓу ПСЖ и Наполи во рамките од третото коло во Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, ултарасите на францускиот и италијанскиот клуб се сретнаа во близина на стадионот на „светците“, а можеме да кажеме дека нивната средба помина крајно неочекувано.
Не видовме никаков судир на што не навикнаа голем број навивачи на некои други клубови. Тоа е така затоа што навивачите на Наполи и ПСЖ се во добри односи од 2016 година.
Примирје помеѓу најжестоките навивачи владее од кога „воџата“ на навивачите на ПСЖ им пријде на улрасите на Наполи и им објасни дека неговиот татко навивал за клубот од Неапол.
Вечерва се поздравија со песна и пиротехничко шоу.
Arrivée commune d'une partie des ultras du PSG et de Naples près du virage Auteuil. Gros craquage de fumigènes et échange amical de chants. #PSGNAP pic.twitter.com/UsuN1fFwRF
— Le Parisien – PSG (@le_Parisien_PSG) October 24, 2018