Дома Фудбал Добри вести за Барса: Умтити започна да тренира!

Добри вести за Барса: Умтити започна да тренира!

Дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити денес започна да тренира, а веста веднаш ја пренесе каталонскиот клуб преку својот Твитер профил.

24-годишниот француски репрезентативец е надвор од терените скоро еден месец поради повреда на левото колено.

Лекарскиот тим на Барселона се одлучи на конзервативно лечење, без операција, а Умтити денес започна со самостојни тренинзи.

Тоа е добар знак дека рехабилитацијата течи добро, но сигурно ќе му бидат потребни неколку недели пред да се врати во игра.

Умтити е еден од најважните фудбалери на Барселона и неговото враќање на терените е од голема важност за тренерот Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

26 удари, ниту еден гол: Јаблонец ја запре победничката серија на Брајтон

По шест победи во низа, Брајтон одигра 0-0 кај Јаблонец во Конференциската лига, а во фини…