Дома Фудбал Англија Гвардиола ги шокира фановите: Не сме спремни да ја освоиме Лигата на шампиони!

Гвардиола ги шокира фановите: Не сме спремни да ја освоиме Лигата на шампиони!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ги изненади сите со изјавата што ја даде пред мечот со Шахтјор во Лигата на шампиони.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако Манчестер Сити важи за еден од главните фаворити во Лигата на шампиони, Гвардиола тврди дека неговиот тим не е подготвен да го освои ова натпреварување.

„Роден сум и израснав во Барселона. Кога почнав да работам таму знаев дека мојот единствен избор беше да победуваам. Исто така научив дека кога не победувате, животот продолжува и мора да гледате напред. Она што го видов од Манчестер Сити минатата сезона ми покажа дека не сме подготвени за успех во Лигата на шампионите“, изјави Гвардиола.

Така се чувствувам. Ова не значи дека нема да пробаме, но ова често не е доволно за овој турнир. Треба да стекнете искуство и да учите од секој натпревар. Сите треба да го сакаат овој триумф – клубот, сопственикот, навивачите, медиумите. Секој треба да гледа во една насока. Само тогаш можеш да освоиш така титула. Но, во моментов, не се чувствувам така. Фановите го сакаат тоа од нас, што не стимулира и нe приближува до успехот. Ние сме добар тим, не можам да го негирам тоа, но ни треба нешто посебно, нешто што уште ни недостасува“, заклучи каталонскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудб…