Дома Фудбал Лига на шампиони Звезда дополнително ослабена: На „Енфилд“ без најдобриот?

Звезда дополнително ослабена: На „Енфилд“ без најдобриот?

zvezda

После тешкиот пораз на гостувањето кај ПСЖ, Црвена Звезда во третото коло од Лигата на шампионите ќе гостува кај Ливерпул на „Енфилд“.

Звезда секако е голем аутсајдер пред споменатиот натпревар, а лесно би можело да се случи да се најдат во полоша ситуација со оглед на проблемите на двајца фудбалери.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според пишувањето на српските медиуми под голем знак прашалник за натпреварот против Ливерпул е Марко Марин, кој за многумина е најдобар играч на Звезда оваа сезона.

Марин не тренираше на последниот тренинг во Белград пред тимот да отпатува за Англија, а повеќе за неговата состојба ќе се знае во денот на натпреварот (среда). Поранешниот германски репрезентативец не настапи на последните два натпревари на Звезда во лигата и купот.

Тренерот на Звезда, Владан Милојевиќ се уште не знае и дали ќе може да смета на капитенот Вујадин Савиќ.

Натпреварот помеѓу Ливерпул и Звезда се игра во среда со почеток во 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…