Meнаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо остро ги демантираше информациите дека би можел да се врати во Реал Мадрид.
Медиумите во Шпанија го споменуваа името на Жозе Мурињо како еден од кандидатите да го наследи Јулиен Лопетеги кој после катастрофалните резултати се наоѓа на излезни врати.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Исто така, на Мурињо не му се допадна и прашањето за состанокот со Пол Погба со поранешниот ас на Јунајтед Кристиано Роналдо и тренерот на Јувентус, Масмилијано Алегри.
„Сакам да останам во Манчестер Јунајтед до крајот на договорот, ако е можно и потоа. Не сакам да зборувам за Погба и не сакам да зборувам поединечно за играчите.
Jose Mourinho on rumours linking him to Real Madrid: "My future is at Manchester United. I have a contract until the final day and I would like to stay after my contract runs out as well. I only think about United." pic.twitter.com/DZ3e60doso
— Squawka News (@SquawkaNews) October 22, 2018
Не сакам да разговарам со шпанските новинари затоа што тие се заинтересирани само за Реал и Роналдо“, изјави Мурињо.
Манчестер Јунајтед утре во рамките од третото коло во Лигата на шампионите го дочекува Јувентус кој е предводен од поранешниот напаѓач на „ѓаволите“ Кристиано Роналдо.
Италијанскиот шампион е лидер во групата со две победи, Јунајтед има четири бода, Валенсија еден, додека тимот на Јанг Бојс не освои ниту еден бод.