Тренерот на Милан, Џенаро Гатусо после натпреварот призна дека Интер беше подобрата екипа во големото миланско дерби.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Милан го чуваше резултатот се до судиското продолжение, кога Мауро Икарди ја искористи грешката на Донарума и со глава погоди за голема победа на Интер.
„Интер беше подобар тим на теренот и секако дека заслужи повеќе од нас, но жал ми е што натпреварот го загубивме на овој начин. Да останеше 0:0, имаше повеќе што да кажам за нашата игра, но вака впечатокот станува различен.“ – изјави Гатусо.
Тренерот на Милан не сакаше да го критикува Донарума.
„Не загубивме поради Донарума. Не сакам да издвојувам поединци и после победа и после пораз. Изгубивме бидејќи не го одигравме целиот натпревар доволно храбро. На крајот бевме збунети и тоа не чинеше.“