Дома Фудбал Останато „Златна копачка“: Дојдоа некои нови времиња и нови момци…

„Златна копачка“: Дојдоа некои нови времиња и нови момци…

mbape piatek

Иако сезоната во најсилните првенства е на самиот почеток мпже да се забележи дека оваа сезона е сезона од која започнуваат работите да се менуваат.

Големите ѕвезди како Златан Ибрахимовиќ, Вејн Руни или Фернандо Торес ја напуштија Европа кон крајот на минатата сезона и полека заминуваат во фудбалската историја, а до неодамна ги гледавме во врвот на листата на стрелци.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Освен тоа таму оваа сезона барем засега ги нема Меси и Роналдо и забележително е дека повеќе не се доминанти како некогаш.

Оваа сезона се појавија некои нови момци, а во прв ред тука се истакнува Килијан Мбапе фудбалерот кој се уште не наполни 20 години. Мбапе е прв на листата за „Златната копачка“ со девет постигнати погодоци во досегашниот тек од Лига 1, односно првото место го дели со Пиатек од Џенова кој има исто така девет погодоци.

Ќе потсетиме, претходно на фудбалерите од Лига бројот на голови им се множеше со коефициент 1.5, а од оваа сезона тој коефициент е изедначен со остатокот од најсилните првенства.

Значи, Мбапе и Пиатек имаат по 18 бодови, а третот оместо го делат Нејмар и Стуани (Џирона) со осум погодоци (16 бодови).

Кога во прашање се двајцата најдобри фудбалери во последните 10 години, Меси и Роналдо, тие имаат по 14, односно 10 бодови.

„Златната копачка“ во последните две сезони ја освојуваше Лео Меси, а пред него Луис Суарез. Во последните десет сезони Меси им пат „Златни копачки“, Роналдо три, Суарез две.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Модриќ ја покажа класата на тренингот пред натпреварот против Баерн 🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид вечерва од 21:00 часот ќе го играат првиот натпревар од осминаф…