Дома Фудбал Англија Мурињо пред дербито со Челзи: Натпревар како и сите други!

Мурињо пред дербито со Челзи: Натпревар како и сите други!

Манчестер Јунајтед викендов му гостува на Челзи во дербито на колото во Премиер лигата, а Мурињо тврди дека за него тоа е натпревар како и сите други.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Специјалниот“ сепак напомена дека ќе се обиде да се контролира и да покаже респект кон своите поранешни навивачи.

„За мене ова е натпревар како и сите други. Дали ќе славам ако победиме? Ќе се обидам да се контролирам и да покажам респект кон стадионот и фановите, кои беа мои долги години. Меѓутоа јас сум сега 100% дел од Манчестер и ќе се обидам да остварам што е можно подобар резултат“, истакна Мурињо.

Мурињо не даде конкретен одговор дали некој од повредените играчи како Матиќ, Фелаини и Лук Шо ќе бидат спремни за дербито и единствено откри дека Андер Ерера се враќа во тимот.

https://youtu.be/bk2ZaVPMVB4

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лукаку го одигра последниот натпревар за Наполи

Напаѓачот на Наполи Ромелу Лукаку нема да учествува во последните два натпревари на тимот …