Дома Фудбал Останато Сензационална најава: Баерн во 12 часот ќе го именува Венгер за нов тренер!?

Сензационална најава: Баерн во 12 часот ќе го именува Венгер за нов тренер!?

Управата на Баерн Минхен денес за во 12 часот закажа вонредна прес-конференција која предизвика лавина коментари.

Љубителите на фудбалот ширум светот претпоставуваат што би можело да се случи, а многумина сметаат дека ќе биде објавен отказот на Нико Ковач.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сепак, британски „Дејли Мирор“ отиде чекор подалеку и наведува дека ќе биде објавено името на новиот тренер на Баерн, а тоа би можел да биде – Арсен Венгер!

Ќе потсетиме, Венгер е без работа откако на крајот на минатата сезона го напушти Арсенал, а пред неколку дена изјави дека има понуди и дека ќе започне со работа на 1-ви јануари.

„Дејли Мирор“ тврди дека ситуацијата во Баерн е доволна причина Венгер да го скрати одморот и да започне со работа кон средината на октомври.

На денешната прес-конференција ќе присуствуваат Ули Хенес, Карл Хајнц Румениге и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, последен пат кога сите тројца седеа на една конференција беше објавено враќањето на Јуп Хејнкес.

Што ќе се случи ќе дознаеме денес во 12 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Само еден фудбалер на Барселона не го славеше победничкиот гол на Араухо, еве и зошто (Видео)

Барселона го совлада тимот на Жирона со 2:1 благодарение на голот во 93-та минута, но цело…