На паркетот во најсилната кошаркарска лига во светот вчера се одиграа нови натпревари.
Тимот на Хјустон го запиша првиот пораз на отварањето на сезоната и тоа на домашен терен од Њу Орлеанс со 112:131. Њу Орлеанс до победата го предводеше Ентони Дејвис со 32 поени и 16 скокови, додека Никола Миротиќ додаде 30. Кај домаќините Џејмс Харден запиша за 18 поени, а Крис Пол имаше еден повеќе. Новата ѕвезда на тимот, Кармело Ентони постигна само девет поени за 27 минути поминати на паркетот.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Денвер на гостински терен запиша победа против Лос Анџелес Клиперси (98:113), одличен настап запиша Никола Јокиќ. Српскиот кошаркар уфрли 21 поен, додаде пет асистенции и запиша осум скока. Кај домаќините најефикасен беше Харис со 19 поени и десет скокови.
Кливленд стигна до победа против Торонто со резултат 116:104, Каваи Леонард постигна 24 поени и запиша 13 скокови.
Феникс славаше кај Далас со 121:100. Овој натпревар беше дебитантски во НБА лигата за Лука Дончиќ кој постигна десет поени, додаде четири асистенции и осум скокови.
Останати резултати:
Шарлот – Милвоки 112:113
Индијана – Мемфс 111:83
Сан Антонио – Минесота 112:108
Орландо – Мајами 104:101
Сакраменто – Јута 117:123