Дома Останати Ништо од Вардар: Кристина Неагу се враќа во татковината!

Ништо од Вардар: Кристина Неагу се враќа во татковината!

Кристина Неагу најдобрата романска ракометарка по завршувањето на сезоната ќе се врати во татковината и ќе го облече дресот на актуелниот европски шампион ЧСМ Букурешт.

Кристина Неагу на карајот од сезоната ќе замине од Будуќност и во наредните две сезони ќе игра во ЧСМ Букурешт. Романската репрезентативка од 2013 година е во Будуќност, а претходно има настапувано во Олчим и Брашов.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Инаку, сериозен интерес за Неагу покажуваше и македонскиот шампион ЖРК Вардар, но во изборот на клубот пресуди желбата на Романката да се врати во татковината.

Будуќност во летниот преоден рок ќе претрпи големи промени бидејќи покрај Неагу, нови клубови веќе си најдоа Катарина Булатовиќ кој ќе оди во Ростов и Драгана Цвијиќ која доаѓа во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Пелистер потврди големо засилување – во Битола пристигна пивотмен од Бундеслигата!

Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер, дополнително се екипира за остатокот на сезона…