Дома Фудбал Лига на шампиони Гвардиола: Мојата Барселона се случува само еднаш во животот!

Гвардиола: Мојата Барселона се случува само еднаш во животот!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола присуствуваше на спортски фестивал во Италија, каде проговори за успесите со Барселона.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Два пати кога ја освоивме Лигата на шампиони со Барса беше со седум фудбалери од школата како Чави, Иниеста, Валдес, Меси, кои дошле во Барса на 7 или 8 години. Тоа беше комбинација од ѕвезди. Такви нешта се случуваат еднаш во животот“, исакна Гвардиола.

„Клубот имаше доверба во мене. Јас поминав и низ младинските категории и многу важно, имавме пари за да купиме големи играчи. Притоа го имавме најдобриот фудбалер на светот, Лео Меси. Мислам дека и после 20 години ќе се зборува и чита за таа Барселона“, додаде каталонскиот стратег, а потоа проговори за Меси.

„Ако тимот му помага во големите натпревари, тој ја прави разликата. Меси и Роналдо во последните 10 години постигнуваат по 50 гола во сезона. Тоа не е човечки“, заклучи Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Чуамени испрати порака по тепачката со Валверде: Ова е неприфатливо, но…

Во Реал Мадрид избувна голема внатрешна тензија по наводниот инцидент на тренинг, во кој, …