Дома Фудбал Останато Човекот кој го откри Мбапе тврди: Ја заслужува „Златната топка“ уште оваа година

Човекот кој го откри Мбапе тврди: Ја заслужува „Златната топка“ уште оваа година

Младиот 19 годишен фудбалер, Килијан Мбапе уште сега е голема ѕвезда и еден од најдобрите фудбалери во светот.

Во ПСЖ оваа сезона прикажувао длични настапи, на седум натпревари постигна 10 погодоци и запиша четири асистенции, а беше и еден од најважните играчи на Франција со која го освои Мундијалот во Русија ова лето.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Мбапе постигна гол во финалето, но наградата за најдобар играч на турнирот му припадна на Лука Модриќ, додека Французинот мораше да се задоволи со наградата за најдобар млад играч.

Супер талентираниот тинејџер се наде и во конкуренција за освојување на „Златната топка“ која ја доделува „Франс Фудбал“.

Ќе потсетиме, Мбапе после одличната сезона во Монако, минатото лето се пресели во ПСЖ, а во младинскиот погон на клубот од Кнежеството го доведе Сулејман Камара.

Камара, е поранешен шеф на скаут службата на Монако, а тој смета дека Мбапе уште сега ја заслужува „Златната топка“.

„Ако бидеме целосно објективни, јас би му ја дал Златната топка уште оваа сезона, ја заслужува без никакво соменвање“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер најде напаѓач во Парма

Интер договори ново засилување во нападот, јавуваат италијанските медиуми. Фудбалскиот клу…