
Нико Ковач поминува низ тешки денови во Баерн Минхен.
Баварците лошо ја започнаа новата сезона, а многу навивачи побараа отказ за хрватскиот стратег кој го гледаат како главен виновник за лошите резултати. Баерн веќе четири натпревари не знае за победа, го завзема дури шестто место, а синоќа Ковач, спортскиот директор Хасан Салихамиџич и Хави Мартинез се појавија на натпревар на кошаркарскиот тим на Баерн во Евролигата.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Според пишувањата на германските медиуми, Салихамиџич и Мартинез добиле аплауз од присутните, а кога официјалниот спикер го најавил Ковач, следувало свирежи. Ковач бил многу смирен, а подоцна неколку навивачи се добложиле до него за да направат селфи.
Дали баварскиот гигант конечно ќе почне да остварува добри резултати или Ковач брзо ќе ја заврши епизодата во Минхен останува да видиме.