Дома Фудбал Англија Погба: Тешко е да почнеме одново, ги допревме ѕвездите

Погба: Тешко е да почнеме одново, ги допревме ѕвездите

Французинот Пол Погба не игра во најдобра форма и често пати се наоѓа на мета на критики на спортската јавност, дека не го прикажува најдоброто свесен е самиот фудбалер.

Погба често пати се поврзува и со заминување од Манчестер, а дали најавите на островските медиуми има вистина ќе покаже времето. Она што во овој момент ги загрижува навивачите на Јунајтед е нивото на кое игра тимот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Погба смета дека проблемот кај него е поради недостатокот на концентрација после Мундијалот на кој стана светски шампион со „Триколорите“,

„Тешко да се сконцентрираме, да почнеме одново после се бидејќи ги допревме ѕвездите. Тоа е најважниот трофеј кој може да се освои во фудбалот. Сепак сакам предизвици. На пример, никогаш не сум ја освоил Премиер лигата, а би сакал и тоа е мојата цел“, изјави Погба.

Со оглед на формата која играат оваа сезона „ѓаволите“ (исклучок е второто полувреме против Њукасл), тешко дека оваа сезона ќе ја оствари целта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…