Турскиот репрезентативец и Башакшехир Арда Туран, повторно е во центарот на скандал откако имал бурна ноќ во Истанбул.
Имено, Арда Туран предизвика тепачка во ноќен клуб, а во мешаницата настрада локалниот пејач Беркај Шахин, објавија медиумите во Турција.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Според информациите, Арда Туран бил пијан и се обидел да ја заведе девојката на пејачот, кој остро реагирал. Во тепачката Туран му го скршил носот на Беркај.
Пејачот веднаш бил однесен во најблиската болница за итна операција, а неговата девојка откри детали.
„Арда ми пријде, ме допре за раката и ми кажа дека сум убава. Го прашав што му се случува, а Беркај изгледа го слушна разговорот и кажа дека ќе разговараат како двајца мажи откако јас ќе заминам дома. Се сврте кон Арда, а овој веднаш го удри“, изјави вереницата на пејачот.