Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар најдобар македонски клуб во историјата на ЛШ според УЕФА

Вардар најдобар македонски клуб во историјата на ЛШ според УЕФА

Најдобриот македонски клуб Вардар, е најуспешен клуб од Македонија во Лигата на шампиони, објави денеска европската куќа на фудбалот УЕФА.

Моментално „црвено-црните“ се наоѓаат на 144 позиција на ранкингот на УЕФА кој датира од 1955 година па до сега. Вардар во тој период има осум излези во Лигата на шампионите, одиграно 24 натпревари во најелитното европско натпреварување, со скор од пет победи, осум ремија и 11 порази. Гол разликата на Вардар е 30 дадени и 40 примени голови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Лигата на шампионите Вардар го направи најголемиот успех во 2003 година кога со елиминацијата на московска ЦСКА, се пласираше во третото квалификациско коло, што тогаш беше рунда пред пласман во групната фаза.

Вардарци на оваа листа се најдоа пред неколку „звучни“ клубови како Волфсбург, Торино, Сампдорија, Херта, Ајнтрахт Франкфурт и други тимови.

Најуспешен клуб во историјата на ЛШ е Реал Мадрид пред Баерн Минхен и Барселона, а од македонските клубови Работнички е на 185 позиција, а Шкендија се најде на 296-та позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија комплетна во подготовките за мундијалскиот бараж!

Ракометната репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките пред баражот кој не оч…