Дома Топ вести СЕНЗАЦИЈА: Мурињо се враќа во Мадрид!?

СЕНЗАЦИЈА: Мурињо се враќа во Мадрид!?

Манчестер Јунајтед лошо ја отвори сезоната и се погласни се шпекулациите дека Мурињо ќе го напушти кормилото на „црвените ѓаволи“.

Медиумите на Островот денес пласираа сензационални вести. Имено, „Дејли Мејл“ пренесува дека после „Ел Класико“ Жозе Мурињо може да седне на кормилото на Реал Мадрид, кој исто така се наоѓа во криза на резултати.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Шпанските медиуми едногласно потврдија дека судбината на Лопетеги зависи од „Ел Класико“ кое на програмата е на 28-ми октомври, а до тогаш може и иднината на Мурињо на „Олд Трафорд“ да биде јасна.

Доколку се резлизира ова сценарио тоа ќе биде сензационално враќање на „Специјалниот“ во Реал Мадрид каде помина скоро три години. Мурињо го водеше „кралскиот“ клув на 178 натпревари и има фантастичен процент на победи од 71%.

Шпанскиот весник „АС“ потврдува дека претседателот Флорентино Перез не ја исклучува можноста за враќање на Мурињо на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо тргна кон Шпанците, а потегот на Де Ла Фуенте ќе се памети засекогаш (Видео)

Фудбалската репрезентација на Португалија ја освои Лигата на нации откако вчера вечер, по …