Дома Фудбал Италија Игуаин: Веќе се чувствувам дел од семејството Милан!

Игуаин: Веќе се чувствувам дел од семејството Милан!

Гонзало Игуаин ова лето пристигна во Милан од редовите на големиот ривал Јувентус и веднаш се вклопи во тимот на „росонерите“.

Игуаин вчера постигна два гола против Киево и тоа беше петиот натпревар по ред на кој постигува гол оваа сезона.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Чувствувам дека веќе сум дел од семејството Милан. Ние сме фантастична група која работи напорно и сакаме да се подобруваме од натпревар во натпревар“, изјави Игуаин.

„Имавме малку тежок старт, но сега сме на вистинскиот пат и треба да продолжиме така. Милан ми даде многу самодоверба и поддршка од првиот ден и сакам да се заблагодарам за тоа. Ова е фантастичен клуб, еден од најтрофејните во светот, а тоа е мотив плус за мене“, додаде Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер сити ја одреди цената за Грилиш!

Манчестер Сити ја игра најлошата сезона откако пред девет години Пеп Гвардиола ја презеде …