Дома Фудбал Англија Откриени детали од соблекувалната: Погба го советувал Мурињо на полувреме

Откриени детали од соблекувалната: Погба го советувал Мурињо на полувреме

Информациите за конфликти меѓу Пол Погба и Жозе Мурињо не прекинуваат со месеци, но овој пат во медиумите на Островот се појави нешто различно за професионалните односи помеѓу двајцата.

Се тврди дека на полувремето на натпреварот против Њукасл, кога „црвените ѓаволи“ заостануваа со два гола по катастрофално прво полувреме, Мурињо ги собрал играчите и ги прашал што предлагаат самите тие, за да ја сменат својата игра во второто полувреме.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Пол Погба дал еден од клучните предлози што ги прифатил менаџерот. Французинот сам ја иницирал идејата да се врати назад, а Маруан Фелаини, кој го замени Скот Мектомини на одморот, да се пресели во офанзивниот дел.

Немања Матиќ се врати во центарот на одбраната до Крис Смолинг, Пол Погба делуваше непосредно пред двајцата, а на моменти дури тројцата играа како централни дефанзивци во моментите кога Лук Шо и Ешли Јанг напаѓаа по крилните позиции.

Ова профункционира. Погба не само дека внимаваше за стабилноста на тимот во одбраната, но се обидуваше и да ја диктира играта и според многумина го одигра едно од најсилните полувремиња од почетокот на сезоната.

На крајот, Јунајтед направи пресврт за 3:2, а Погба помогна за израмнувачкиот гол на Антони Марсијал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…