Дома Фудбал Меси веќе ги прославува головите на нов начин (фото)

Меси веќе ги прославува головите на нов начин (фото)

Мегаѕвездата на Барселона, Лионел Меси го привлече вниманието со новиот начин на прославување на головите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Дебито“ на новата прослава Меси го имаше на „Вембли“ против Тотенхем, кога постигна два гола.

Тогаш Лео отиде кај камерите позади голот и неколку пати ја погали косата, а потоа испрати бакнеж. Вчера откако постигна гол против Валенсија, Аргентинецот го повтори ритуалот, па стана јасно дека тоа ќе биде негова нова прослава.

Каталонските медиуми веднаш објаснија што означува неговиот нов гест. Имено, станува збор за договор со неговиот шестгодишен син Тиаго, па со оваа прослава Меси го поздравува него и друтите две деца Матео и Чиро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Монако ја раскина соработката со Пол Погба

Фудбалскиот клуб Монако соопшти дека по договор го раскинал договорот со поранешниот франц…