Откако неколку месеци беше најавувана вчера се одржа големата борба помеѓу Кабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор.
Пред борбата далеку погласен беше Ирецот и неговите изјави секогаш беа без влакна на јазикот и жестоки, но од рингот како победник излезе Кабиб Нурмагомедов кој во изјавите беше далеку порезервиран од својот противник.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ќе потсетиме, Мекгрегор ја предаде борбата откако беше „загушен“ од Кабиб.
Англиските медиуми сега откриваат што Нурмагомедов му кажал на Конор во текот на втората рунда. Според нив Кабиб кратко му порачал:
„Ајде да зборуваме тука“, гласела пораката од Дагестанецот.
Ирецот се предаде во четвртата рунда, а потоа следуваше вистински хаос откако Кабиб тргна да се пресметува со тренерот на Конор, додека неговиот тим влезе во рингот.
Со победата против Конор, Нурмагомедов стигна до учинок до импресивен учинок од 27:0.