Дома Останати Не се завршило се пред камерите: Тренерот на Конор имал обид да влезе во соблекувалната на Кабиб?!

Не се завршило се пред камерите: Тренерот на Конор имал обид да влезе во соблекувалната на Кабиб?!

Кабиб Нурмагомедов вчера во Лас Вегас го одбрани појасот во лесна категорија откако го победи Конор Мекгрегор.

После борбата во која Мекгрегор се предаде, следуваше вистински хаос. Кабиб тргна да се пресметува со тимот на Конор, на негова мета посебно беше тренерот Дилон Данис кој жестоко го навредуваше Дагестанецот пред мечот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Кабиб се фрли на Данис и му зададе неколку удари, но ниту тренерот на Конор не му остана должен. Меѓутоа обезбедувањето брзо реагираше и успеа да ги раздели, но тепачката помеѓу останатите членови на двата тима и понатам траеше.

Американските медиуми пренесуваат дека полицијата била приморана да го изнесе Данис од салата бидејќи се обидел да влезе во нов судир со Кабиб.

Наводно, тој со уште неколку свои пријатели имал обид да влезе во соблекувалната на Дагестанецот.

Данис не успеал, можеме само да замислиме што би се случило доколку неговата намера била успешна….

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонска гордост: Даниела Алексоска со брз финиш славеше на „Армада 14“ (Видео)

Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска со стил стигна до голема победа на нас…