Вчера тимот на ПСЖ запиша убедлива победа од 5:0 во дербито во француската Лига против Лион.
До водство бранителот на титулата стигна преку Нејмар во првото полувреме. Во првите 45 минути видовме и две исклучувања, прво беше исклучен Кимбампе кај ПСЖ, а потоа и Тосарт кај гостите.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Вториот дел донесе вистинско гол шоу на супер талентот Килијан Мбапе.
Мбапе во период од само 14 минути, од 61-та до 75-тата успеа да постигне – четири погодоци!