Дома Фудбал Англија Мурињо призна: Добив СМС кој ме „спаси“

Мурињо призна: Добив СМС кој ме „спаси“

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо после победата над Њукасл (3:2) откри дека челните луѓе на клубот му дале поддршка пред натпреварот.

„Црвените ѓаволи“ успеаа да дојдат до трите бода во „инфаркт“ завршница откако до 70-та минута губеа со 2:0. Сепак, за дваеет минути успеаа да постигнат три гола.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Медиумите на Островот пишуваат дека Мурињо е пред отказ, а Португалецот откри дека и самиот мислел дека ќе биде отпуштен се додека не добил една СМС порака.

„Сите кои ги прочитаа весниците мислеа дека ќе бидам отпуштен, но за среќа пред мечот добива СМС од менаџментот на клубот кој ми рече да не обрнувам внимание на шпекулациите. Доколку не се случеше тоа и самиот ќе мислев дека ќе добијам отказ“, призна Мурињо,

И покрај се англиските медиуми тврдат дека деновите на Мурињо на „Олд Трафорд“ се избројани и дека Зидан е веќе на „стендбај“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…