Второто коло од Лигата на Европа донесе интересни натпревари, а во главно фаворитите лесно стигнаа до победа.
Арсенал гостуваше во Азербејџан кај Карабах и на крајот славеше убедлива победа од 0:3. Погодуваа Сократис, Смит-Ров и Гуендоузи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан до 70-тата минута губеше со Олимпијакос на „Сан Сиро“ со 0:1, но на крајот славеше победа од 3:1.
Гуереро во 14-тата минута го доведе тимот од Пиреја во водство, но двојата измена на Гатузо од 54-тата минута донесе резултат.
Во игра влегоа Чалханоглу и Кутроне, а токму тие го режираа пресвртот. Кутроне постигна два гола, Чалханоглу запиша две асистенции, во листата на стрелци се запиша и Гонзало Игуаин.
Иван Тричковски беше стрелец во поразот на АЕК Ларанка кај Баер Леверкузен со 4:2.
Лига Европа резултати:
Милан – Олимпијакос 3:1
Баер – АЕК Ларанка 4:2
Бетис – Дуделаж 3:0
Бордо – Копенхаген 1:2
Фенербахче – Трнава 2:0
Карабах – Арсенал 0:3
Росенборг – Лајпциг 1:3
Салцбург – Селтик 3:1
Ворскла – Спортинг 1:2
Зенит – Славиа 1:0
Цирих – Лудогрец 1:0