Наполи славеше во вчерашниот натпревар против Ливерпул и така во најтешката група се доби една интересна ситуација.
Фудбалерите на Наполи после ремито со Црвена Звезда во Белград на домашен терен го победија Ливерпул. Голот на одлука го постигна Лоренцо Инсиње во финишот од натпреварот и сега италијанскиот клуб е првопласиран во оваа група со четири освоени бодови, Ливерпул и ПСЖ имаат по три, Звезда е последна со еден.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како и да е, многумина ги изненади победата на Наполи против „црвените“, а големите имиња на италијанскиот фудбал како Фабио Капело и Андреа Пирло сметаат дека клучен човек во победата е Карло Анчелоти.
„Анчелоти го доби мечот за Наполи. Ги заслужува сите пофалби, баш како и неговите играчи кои неговите задачи ги одработија без грешка“, изјави Пирло.
Капело беше воодушевен од тоа како Анчелоти го припремил тимот за натпреварот.
„Ова беше ремек-дело на Анчелоти. Припремата за натпреварот беше соврешена и тоа беше единствен начин Ливерпул да се запре. Само на овој начин можете да го запрете тимот на Клоп. Инсиње констатно игра многу добро, се заканува од различни позиции и тоа вчера го потврди со победничкиот погодок“, изјави Капело.
https://www.youtube.com/watch?v=-yfZwNNVq0g