Дома Топ вести Милан не се откажува од Милинковиќ-Савиќ, откриени нови детали!

Милан не се откажува од Милинковиќ-Савиќ, откриени нови детали!

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотиото неодамна откри дека претпоследниот ден од преодниот рок добил богата понуда за Милинковиќ – Савиќ, но решил да ја одбие.

Милинковиќ-Савиќ беше мета на многу европски гиганти, а италијанските медиуми откриваат дека понудата која пристигнала на 17-ти август била од Милан и изнесувала 140 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, „росонерите“ доставиле понуда од 40 милиони евра за едногодишна позајмица, 80 милиони евра за откуп следната година плус 20 милиони евра во име на бонуси.

Лацио ја одби понудата поради неможност да најде адекватна замена во последниот ден од преодниот рок, а СМС неодамна го продолжи договорот со римскиот клуб.

Меѓутоа, италијанските медиуми тврдат дека Милан не се откажува од Србинот и Леонардо веќе прави план како да го донесе СМС следното лето на „Сан Сиро“.

Играчот наводно веќе има преддоговор со „росонерите“, а трансферот би требало да изнесува помеѓу 100 и 120 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…