Дома Фудбал Лига на шампиони [ВИДЕО] Звезда потопена во Париз, хет-трик на Нејмар – „отвори и затвори“ со маестрални погодоци

[ВИДЕО] Звезда потопена во Париз, хет-трик на Нејмар – „отвори и затвори“ со маестрални погодоци

Со почеток во 18:55 часот својот натпревар од второто коло во Лигата на шампионите го одиграа Пари Сен Жермен и Црвена Звезда, а на оваа средба „светците“ буквално покажаа „кој е кој“.

ПСЖ до врв ја наполни мрежата на Звезда и славеше убедлива победа од 6:1 во која блескаше најскапиот играч во светот Нејмар.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Нејмар го отвори натпреварот уште во 20-тата минута со мајсториски изведен слободен удар, само две минути подоцна, Бразилецот постигна нов погодок после асистенцијата од Мбапе. До крајот на првиот дел погодуваа уште Кавани и Ди Марија за веќе убедливи 4:0 после 45 минути игра.

Во вториот дел кога веќе беше јасно дека Звезда нема што да бара во Париз и нема да има сили за изненадување видовме уште три нови погодоци.

Два постигнаа „светците“ и тоа преку Мбапе и Нејмар во финишот кога ја затвори голеадата онака како и што ја отвори – со нов гол од слободен удар.

Претходно Марко Марин го постигне голот на утеха за Црвена Звезда.

За ПСЖ ова е прва победа во новата сезона од најелитното натпреварување откако во првото коло беа поразени од Ливерпул.

Во вториот натпревар, Шалке со 0:1 славеше на гостувањето кај Локомотив Москва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…