Дома Фудбал Лига на шампиони Гвардиола сурово искрен: Ние немаме историја, имаме само четвртфинале и полуфинале

Гвардиола сурово искрен: Ние немаме историја, имаме само четвртфинале и полуфинале

guardiola

Mанчестер Сити во вчерашниот натпревар против Хофенхајм потешко од очекувањата успеа да стигне до првата победа во групната фаза од Лигата на шампионите оваа сезона.

Сити се мачеше, од првата минута бркаше предност на домаќинот, но на крајот некако успеаа да го свртат резултатот во своја корист.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Гвардиола после натпреварот не сакаше премногу да зборува за судиите, иако беше очигледно дека е незадоволен. Изненадија зборовите според кои Пеп не го гледа својот тим како еден од фаворитите во ова натпреварување.

„Тимовите се толку силни, толку добри. Знаев, се обидов да им кажам против Лион колку тежок предизвик ќе биде. Ние немаме историја зад нас. За мене е изненадување кога ќе кажат да Сити сигурно ќе победи. Го ценам тоа и сум благодарен, но не е точно. Има многу тимови кои се на повисоко ниво, ниво на кое зад себе имаат историја тоа се Ливерпул, Реал, Барселона, Милан, Јувентус…Јас тоа го гледам на тој начин“.

„Ние имаме само едно полуфинале и едно четвртфинале. Одиме чекор по чекор, мораме да бидеме скромни, да ги анализираме противниците. Ќе се обидеме да стигнеме повторно до четвртфиналето или полуфиналето, тоа би било огромен успех за Сити“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…