Дома Фудбал Останато Маестро Чави и во Катар стигна до јубилеј со импресивна статистика – на 38 години!

Маестро Чави и во Катар стигна до јубилеј со импресивна статистика – на 38 години!

Поранешниот репрезентативец на Шпанија и играч за врска на Барселона, остава длабока трага и во азискиот фудбал.

Чави Ернандез во 2015 година одлучи да ја напушти Барселона и кариерата да ја продолжи во редовите на Ал Сад во Катар.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Иако минатата година изјавуваше дека ќе се повлече од активното играње фудбал, оваа сезона донесе одлука сепак да потпише нов двегодишен договор со Ал Сад. Неодамна го запиша и својот јубилеен 100-ти настап за овој клуб.

Верувале или не, за тоа време легендарниот фудбалер на Барселона запиша дури 65 асистенции и постигна 22 погодоци.

Импресивна статистика каде и да играте, посебно ако се знае дека Чави има 38 години.

Мајсторот останува мајстор, секоја чест маестро!

https://www.youtube.com/watch?v=pE9s9u8FHc8

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…