Дома Актуелно Преговорите започнаа, Ибра се враќа во Европа?

Преговорите започнаа, Ибра се враќа во Европа?

Златан Ибрахимовиќ и натаму активно игра фудбал и тоа на завидно ниво за еден фудбалер кој денеска полни 37 години.

Ибра се уште нема намера да ги закачи копшачките на клин, меѓутоа договорот кој го има со ЛА Галакси до 2019. година веројатно нема да го одработи до крајот.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Последните информации од странските медиуми зборуваат дека агентот на Ибра, Мино Раиола преговара со челниците на Милан околу негово враќање на Сан Сиро. Росонерите бараат прифатливо решение во нападот, а тренерот Гатусо изразил желба тоа да биде играч кој има искуство во Серија А, што Ибра секако го има.

Замислено е Ибра во Милан да дојде во јануари и потпише договор до крајот на сезоната, а доколку заигра на потребното ниво потоа би се разговарало за продолжување на соработката.

Не е тајна дека Ибра и неговата сопруга го обожаваат Милано и дека тука планираат да живеат откако ќе ја заврши кариерата. Иако низ кариерата настапуваше за голем број клубови, Ибра не крие дека најдобро се чуствувал во Милан и дека тој му е најдраг тим.

Да потсетиме, Ибра своевремено за две години поминати во Милан постигна 56 погодоци и го освои Скудето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …