Европскиот шампион Реал Мадрид ја прекина серејата од 29 натпревари со ред во Лигата на шампиони на кои постигна барем еден гол.
„Кралевите“ синоќа беа поразени на гостувањето кај ЦСКА Москва со 1:0 и тоа беше прв меч на кој Реал Мадрид не постигна гол уште од сезоната 2015/16 кога одигра 0:0 против Манчестер Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Синоќа играчите на Реал направија 26 удари, но само три од нив беа во рамките на голот на ЦСКА. Сега со три бода „кралевите“ се на второто место во групата, а лидер е рускиот тим со четири освоени бода.
Полсе синоќешниот пораз денес најмногу на удар од мадридските медиуми се најде напаѓачот Карим Бензема, кој имаше уште еден блед настап.