Дома Фудбал Лига на шампиони Moдриќ отворено: Атмосферата не е добра, кога нема резултати станува загрижувачки

Moдриќ отворено: Атмосферата не е добра, кога нема резултати станува загрижувачки

Реал Мадрид вчера запиша изненадувачки пораз од ЦСКА Москва и „кралевите“ после поразот од Севилја и ремито против Атлетико веќе е три натпревари без постигнат гол!

Јулиен Лопетеги ги измеша картите, на клупата за резерви го остави Лука Модриќ, но набрзо го стави во игра на местото на Касемиро. Хрватскиот репрезентативец после натпреварот не криеше дека трикратниот шампион на Европа е во проблеми.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Не очекувавме тука да изгубиме бодови, навистина. Атмосферата во нашата соблекувална не е најдобра. Мораме што побрзо да ја подигнеме главата. На последните три натпревари не изгледавме добро, посебно во Севилја. Ниту овде во Москва не бевме на нашето ниво. Кога нема резултати во континуитет тоа е загрижувачки, но ќе пронајдеме решение да излеземе од оваа ситуација“, изјави Модриќ.

Потоа Хрватот зборуваше за одлуката на Лопетеги да го остави на клупата.

„Тренерот ми кажа дека морам да одморам бидејќи одиграв четири натпревари во низа. На крајот сепак ме стави во игра. Знаете, во фудбалот не можете се да испланирате однапред. Се обидов да помогнам колку што можев. Ќе работиме на подобрување во наредните денови, ќе биде подобро сигурен сум“, изјави Модриќ.

https://www.youtube.com/watch?v=SOoAHLJ1DGI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нотингем Форест донесе големо засилување во нападот

Арно Калимуендо го засили нападот на Нотингем Форест каде пристигнува од француски Рен. Фр…