Раководството на Барселона изрази силна поддршка за актуелниот тренер Ернесто Валверде, пренесуваат шпанските медиуми.
Тимот се наоѓа во мала криза и освои само два бода на последните три меча, но од „Камп Ноу“ имаат силна доверба во својот тренер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Имаме целосна доверба во Валверде. Сезоната е многу долга и сигурни сме дека сите цели ќе бидат исполнети“, изјави генералниот директор Оскар Грау.
„Трансфери во јануари? Ги разгледуваме сите можности. Нема да ја затвориме вратата за нови засилувања“, додаде директорот на Каталонците.
Валверде пристигна на „Камп Ноу“ на почетокот на минатата сезона и под негово раководство Барселона ја освои шампионската титула.
И покрај слабите резултати на последните три меча, Барселона во моментов е лидер во Примера со исто бодови колку и Реал Мадрид.
October will be a tough month for Ernesto Valverde… ? pic.twitter.com/aKASjdkxRr
— ESPN UK (@ESPNUK) October 1, 2018