Дома Фудбал Англија Mурињо повторно направи циркус и порача: Не сум загрижен за работата

Mурињо повторно направи циркус и порача: Не сум загрижен за работата

Уште една средба со новинарите Мурињо ја претвори во циркус на кој најмалку се зборуваше за утрешниот натпревар против Валенсија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мурињо не верува во тврдењето на некои поранешни фудбалери дека некои негови фудбалери со намера не даваат се од себе само за тој да биде отпуштен.

„Дали оние кои го зборуваат и кои сега се аналитичари имаат такви ситуации во минатото?“, запраша Мурињо.

Потоа додаде дека Јунајтед губи и победува како тим, а се насмевна на прашањето на шпанскиот новинар дали навистина разговарал со Зидан.

„Прашајте го човекот зад вас, тој тоа го напиша“, изјави Мурињо.

„Да, точно е“, одговори новинарот на „Сан“ кој ја пренесе таа информација.

Потоа Португалецот ги отфрли тврдењата дека е загрижен поради отказот, а прашањето дали имал разговор со Ед Вудворд го нарече непристојно.

„Ве прашувам ли јас вас со кого сте разговарале и за што. Не сум загрижен за работата, давам се од себе да ги свртам работите и ќе продолжам тоа да го правам“, додаде менаџерот на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барбарез заплака на теренот по елиминацијата на Босна и Херцеговина од Светското првенство

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина заврши со натпреварите на Светското прве…