Дома Останати Кошарка Ништо од МЗТ – Мекејлеб се сели во Шпанија

Ништо од МЗТ – Мекејлеб се сели во Шпанија

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец, Лестер Бо Мекејлеб, кариерата ќе ја продолжи во Гран Канарија.

Шпанскиот тим ја потврди веста на својата официјална интернет страница, без да објави повеќе детали за трансферот на Мекејлеб кој речиси цело лето се поврзуваше со македонскиот шампион МЗТ.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Мекејлеб минатата полусезона ја мина во француски Лимож, кај својот поранешен тренер Душко Вујошевиќ и во просек бележел по 11,5 поени и 3,3 асистенции по натпревар.

Во кариерата Мекејлеб има настапувано за Мерсин, Партизан, Монтепаски, Фенербахче и Баерн Минхен.

Американецот беше дел од македонската репрезентација која на ЕП во 2011 година го освои четвртото место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ембид: Знам кој беше „кртот“ во соблекувалната

Недоразбирањето во соблекувалната на Филаделфија сѐ уште е присутно поради објавување во ј…