
Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги има големи проблеми со играчкиот кадар пред утрешното гостување во Москва во рамките на Лигата на шампиони.
Актуелниот европски шампион во Москва ќе биде прилично ослабен – веќе е познато дека Лопетеги не може да смета на услугите на Марсело и Иско, а против ЦСКА нема да настапат ниту капитенот Серхио Рамос, како и Герет Бејл.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Според пишувањата на „Марка“, Рамос ќе одмара, а со Бејл нема да се ризикува откако се здоби со повреда на мечот против Атлетико Мадрид.
Лопетеги денес го објави списокот на 20 фудбалери, а во него се најдоа играчите од Кастиља Серхио Региљон и Федерико Валверде, како и скапоплатениот Бразилец, Винисиус Жуниор.