Италијанскиот шампион Јувентус е силно заинтересиран за младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Кристиан Пулишиќ, пренесуваат италијанските медиуми.
„Калчомеркато“ тврди дека „старата дама“ внимателно ги следи настапите и развојот на 20-годишниот крилен фудбалер, кој е во одлична форма и оваа сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот на Пулишиќ со Борусија истекува во јуни 2020 година, но проблем за „милионерите“ е што се уште не можат да го убедат да стави потпис на нов договор. Доколку двете страни не постигнат договор во следните месеци, Пулишиќ на лето ќе влезе во последната година од договорот, па „милионерите“ ќе бидат приморани да го продадат.
Сепак Јувентус ќе се соочи со огромна конкуренција бидејќи за потпист на Пулишиќ силен интерес покажуваат Реал Мадрид, Барселона, Ливерпул, Челзи, Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед.
Поради тоа следното лето се очекува жестока битка за потписот на Пулишиќ, а Борусија сигурно нема да го пушти за сума помала од 80 милиони евра.
Juventus targetting Dortmund star Pulisic https://t.co/RngOfdMj30 pic.twitter.com/YiuxIdjEa1
— CalcioMercato (En) (@CmdotCom_En) September 30, 2018
https://youtu.be/zJlWHanDfkw