Дома Фудбал Кризата сега може да биде дополнителен проблем, Барса во октомври ја очекува пекол!

Кризата сега може да биде дополнителен проблем, Барса во октомври ја очекува пекол!

Барселона е во мини криза и три натпреари Каталонците не знаат за победа во првенството.

Во овој момент единствена добра за работа за Барселона е што и Реал и Атлетико не блескаат, па ситуацијата на табелата и не е така лоша.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Шпанските медиуми после серијата од три натпревари без победа веќе започнаа да пишуваат дека столчето на Валверде започнува да се тресе. Таква ситуација можеби е и очекувана кога сте тренер на клуб каков што е Барселона и три натпревари сте без победа.

Барселона не само што не победи на три натпревари, проблем е и лошата игра, а имињата на противниците против кои Барса не победи дополнително загрижуваат Џирона (реми), Леганес (пораз) и Атлетик Билбао (реми). Освен Атлетик кој секако е под нивото на Барса, но е респектакбилна екипа во Шпанија, против Леганес и Џирона Барса не требаше да има проблеми.

Ако Барса набрзо не ја поправи играта, Валверде многу наскоро може да биде поранешен со оглед на пеколниот октомври кој следи за Каталонците.

Барса ја очекува можеби и најтешкиот распоред во сезоната. Овој месец прво ги очекува гостување на Тотенхем, а потоа средби на домашен терен против Севилја и Интер и за крај на месецот – „Ел Класико“ на 28 октомври.

Останува да видиме како Валверде ќе излезе на крај со тешките противници, но моменталната форма не најавува ништо добро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …