Дома Фудбал Италија Гатузо после големата победа зборуваше и за Андре Силва

Гатузо после големата победа зборуваше и за Андре Силва

gatuso

Тренерот на Милан е задоволен после убедливата победа во седмото коло.

„Росонерите“ после две нерешени средби во кои испуштија предност славеа на гостувањето кај Сасуоло и тоа со убедливи 4:1. Интересно е што Гатузо за овој натпревар на располагање немаше ниту еден класичен напаѓач, Игуаин, Кутроне и Борини сите беа надвор од тимот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Два погодоци постигна Сусо додека по еден постигнуваа Франк Кеси и новајлијата Кастиљехо.

На конференцијата после натпреварот, Гатузо не можеше да помине и без прашањето за Андре Силва кој игра фантастично во Севилја.

„Андре Силва не сакаше да остане, па знаев дека не можам да му ветам 25-30 натпревари кога го слушнав тоа. Не се сомневам дека е одличен напаѓач, но него никој не го избрка. Тој сакаше да замине“.

„Во минатите пет натпревари игравме добар фудбал. Не сме доволно константни, често играме одлично во првото полувреме и паѓавме во второто. Доминиравме против Емполи и можеше да биде и таму 4:1, но Пјетрo Терцијано имаше пет или шест одлични одбрани. Во овој момент, нашите дефанзивни движења не се така добри и во прашање не се само дефанзивците, туку и заштитниот штит и одењето предлабоко. Тоа е нашата слабост“, изјави Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Украина го прогласи за предавник, но судот му ги врати титулите на Тимошчук

Анатолиј Тимошчук доби статус на предавник во Украина иако беше фудбалска легенда на оваа …