Фудбалерот на Барселона вчера на домашен терен одиграа само 1:1 против Атлетик Билбао во натпреварот од седмото коло во шпанската Ла Лига.
Барселона веќе три натпревари е без победа, а на тие средби освои само два бода. Лошата низа започна со ремито против Џирона минатиот викенд, а во средина од неделата Каталонците беа поразени во натпреварот против Леганес.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Тоа не беше крај на лошите резултати на каталонскиот гигант, Атлетик Билбао вчера исто така беше блиску до победа, а Барселона извлече реми. Навивачите на Барселона се незадоволни од играта на својата екипа и честите промени на Валверде во составот.
Исто така интересно е што голем број од навивачите на Барселона испратија апел до Меси повторно да пушти брада.
Имено, од моментот кога Меси одлучи да го промени имиџот, односно да ја избричи брадата – Барса не успеа да победи.