За Бразилецот кој е платен повеќе од 40 милиони евра нема место ниту на клупата!
Се шегуваа во Барселона кога од Малком буквално го украдоа од Рома, а сега се се прашуваат со него!?
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Засилувањето платено 41 милион евра засега нема никакво влијание на играта на Барселона. За нредниот натпревар против Билбао во Пример, дури не е ниту помеѓу повиканите играчи. Валверде не го смести помеѓу 18-те играчи за дуелот со Баскијците. Место Малком во тимот се врати Рафиња.
Во Каталонија се погласно се изговара следната реченица: Зошто Барселона го доведе?
Еден од најдобро известените новинари во Барса, Жерар Ромеро денес пренесува дека Малком воопшто не ни бил желба на Валверде. И покрај противањето на тренер, клубот го доведе Бразилецот.
Меѓутоа, изгледа Валверде си остана на ставот дека Бразилецот не му е неопходен и минимално го користи. Од почетокот на сезоната, Малком настапи на два натпревари од клупата за резерви и на теренот помина само 25 минути. Без некој конкретен учинок.
Додуша, имаше полесна повреда, но некој и ги преседе на клупата кога беше здрав. Валверде му даде шанса во последните дваесетина минути со Леганес, но Бразилецот ништо не донесе со влегувањето од клупата за резерви.