Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез конечно зборуваше за платата на Лука Модриќ.
Најдобриот фудбалер во светот според изборот на ФИФА во текот на летото многу се поврзуваше со трансфер во Интер, но до тоа не дојдеж, бидејќи како што дознаваат странските новинари, Реал му ја зголемил платата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Модриќ пред оваа сезона добиваше седум милиони евра годишно што е помалку од неколку негови клупски соиграчи, а како најдобар фудбалер на минатиот Мундијалот сметаше дека заслужува повеќе.
Токму тоа „повеќе“ му го понуди Интер, но на крајот до овој трансфер не дојде.
Иако претседателот на Реал не сакаше да открива многу од она што го кажа можеме да заклучиме зошто Хрватот останал во Мадрид.
„Платата? Можам да ви кажам дека ова лето со Модриќ договоривме покачување на неговите примања. Тоа е се што можам да ви кажам“, порача Перез.
Исто така тој смета дека наградата на Модриќ за најдобар играч на некој начин е и награда за Реал Мадрид кој пред шест години беше упорен да го доведе.
„Ова воедно е награда за сите од Реал кои одлучивме да го доведеме Модриќ пред неколку години. Со оваа награда добивме признание за тој потег“, изјави Перез.